Oвeн – Внимавајте на комуникацијата. Можни се проблеми поради вас и вашиот став и настап кој може да биде пренагласен. Вашата страственост може да дојде до израз, што е пожелно без разлика какви ви се релациите во кои во моментов се наоѓате.
Биĸ – Внимавајте кога се финансиите во прашање. Треба да избегнувате ризични вложувања, особено кога се во прашање пари кои ги позајмувате од другите. Не е реално да очекувате некои капитални промени на вашиот љубовен хоризонт во текот на овој ден. Одговорите кои ги барате веројатно нема да ги добиете или нема да бидете во некои од нив.
Близнaци – Ќе ви биде потребно да вложите доста труд и напор за да се организирате себе, а потоа и се околу вас. Немојте да се срамите да побарате помош. Не е реално да очекувате неки големи промени на вашето љубовно поле.
Paĸ – Прилично мирен ден на полето професионални активности. Посветете се на приведување кон крај на започнатите обврски. Без некое посебно ангажирање на љубовното поле, главно лично преиспитување на желбите и очекувањата.
Лaв – Фокусот на овој последен работен ден треба да биде на детали и формалности во врска со документации. Можни се грешки, особено во финансиите. Ако не сте љубители на краткотрајни љубовни врски, поработите на приоритетите и дајте шанси работите да се развиваат по природен тек.
Дeвицa – Нема причина за брзање денеска. Пуштете ги работите да одат по сој тек, ќе стигнете се на време да завршите. Вниманието и разбирањето од драгата личност ви се важни, па еве ден кога би можеле да се препуштите и да ужувате во тоа убаво чувство.
Baгa – Солидни се шансите да ги реализирате сите зацртани обврски ако се потрудите да ги избегнете вербалните несогласувања со некои соработници. Што се однесува до случувањата во љубовната сфера, не би требало да ве изненади интерес од една интересна личност.
Cĸopпиja – Напорна завршница на работната седмица, со многу предизвици и кочници, но ќе успеете се да завршите на задоволувачки начин. Добра е атмосфарата за необврзувачки флерт и фина и опуштена комуникација. Доколку ви годи, зошто да не.
Cтpeлeц – И покрај желбата и трудот најважните работни конци да ги држите во своите раце, денеска ќе ви значи помош од личност од доверба. Брзоплетоста и донесување на заклучоци би можела дополнително да ви ги закомплицира работите на љубовното поле.
Japeц – Мирен ден на професионалното поле. Посветете се првенствено на приведување на крај на започнатите обврски. Со фина приказна би можела да воспоставите еден нов контакт со личност која долго време буди во вас интерес.
Boдoлиja – Крајот на работната седница би требало да го дочекате со големо олеснување, затоа што следува викенд и ви треба одмор. Прилика за ново познанство би требало да ви се укаже. Внимателно анализирајте ги сигналите.
Pиби – Денеска би можеле да ве чекаат некои заостанати обврски од минатото. Доста работи се одвиваат забавено, а вие сакате што побрзо да си одите дома. Што се однесува до случувањата на љубовното поле, повеќе околности не ви одеа од рака во минатиот период, но денеска може да биде најава за убав викенд.
