Oвeн – Со голема мака, но некако сепак, успешно ја завршувате работната седмица. Потребен ви е одмор. Ова не е поволен ден за премногу да се трудите да ги објаснувате своите постапки на саканата личност, која е разочарана од некои детали од вашето однесување во минатите денови.
Биĸ – Крај на работната седмица ја очекувате во слично расположение како и претходните денови. Во свое темпо, но со сигурна варијанта за завршување на работите. Вашите очекувања во сферата на љубовта, колку и да се реални, тешко дека може да се остварат без неочекувани изненадувања.
Близнaци – Ќе бидете и во текот на овој петок многу активни кога е комуникацијата во прашање. Сепак, водете сметка околу брзината на изговорените зборови. Бурен и променлив ден ве чека на полето љубов. Можни се сериозни дискусии со саканата личност.
Paĸ – Првенствено ќе се занимавате со завршување на почнатите проекти од претходно, и ве чека добар и опуштен работен ден. Бидете подготвени да се соочите со нерасположение од другата страна. Обидете се да разберете и да ја поправите сивата атмосфера во сферата на љубовта.
Лaв – Πотенцијално напната и наелектризирана работна атмосфера ве очекува на крајот на работната седмица. Најдобро ќе ја ублажите ако се повлечете од „првите работни редови“. Што се однесува до љубовта, тука немојте да се повлекувате. Напротив, другата страна очекува од вас да излезете со конкретно решение за проблемите.
Дeвицa – Ова не е поволен ден за премногу да се ангажирате. Особено е важно предупредувањето за оние кои работат на паралелни активности. На прв поглед работите во љубовта одат во тек кој ви одговара. Сепак, немојте премногу да се опуштате.
Baгa – Би било многу мудро во текот на овој ден да ја „спуштите топката“ и лежерно да ги привдете кон крај започнатите обврски. Опуштената атмосфера на вашето љубовно небо, за многу кратко време може да ја пореметат некои разговори или повици.
Cĸopпиja – Ако сте ги расчистиле најголемите дилеми во својата глава, тогаш нема пречки денеска да ставите точка на еден нималку лесен работен циклус. Нема важни случувања на љубовното поле. Бидете отворени за нови познанства.
Cтpeлeц – На крајот на работната седмица, ве чека убава сатисфакција, под услов претходните денови да сте биле фокусирани на најважните обврски. Фокус ви е потребен овој петок во сферата на љубовта. Во спротивно може да ви се искомплицира овој ден.
Japeц – Би било добро да размислите за предлогот околу нови проекти, но не брзајте со конечната одлука. Доста разбирање и поддршка ќе ви треба денеска во љубовта од страна на саканата личност. Немојте да чекате да се случи само од себе, туку барајте внимание на фин начин.
Boдoлиja – Што сте направиле до сега, сте направиле. Последниот работен ден треба да го искористите за правење на планови за следниот период. Неодамно добро ве „раздрмала“ млада и симпатична личност. Ова е солиден ден да преземете нешто околу тоа прашање.
Pиби – Повеќе работни детали денеска нема да ви одат од рака. И покрај тоа ќе дојдат добри резултати ако се дружите со проверени соработници. На полето љубов малку денеска добивате, а многу се очекува да дадете. Немојте да бидете „крути“ ако сте сигурни во чувствата на саканата личност.
