Дневен хороскоп за петок (9. октомври 2020)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОВЕН

Работа: Имате лоша комуникација со соработниците. Не прифаќате нивна критика иако е кажана добронамерно.

Љубов: Ако сте во брак, ви годи вниманието од партнерот.

Здравје: Проблеми со циркулацијата.


БИК

Работа: Совршено владеете со работните податоци и на адекватен начин ги презентирате на потенцијалните соработниците.

Љубов: Емоциите ви работат и имате потреба што повеќе време да минувате со партнерот.

Здравје: Стабилно.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Малку заостанувате. Проблемите ве стискаат од сите страни и се чувствувате под константен притисок.

Љубов: Емоциите ви работат и на сите можни начини ставате до знаење колку ви значи партнерот.

Здравје: Чувствителна бешика.


РАК

Работа: Имате оптимистички став кога е работата во прашање. Енергични сте и подготени да се соочите со проблемите да ги решите.

Љубов: Ако сте слободни, не работите ништо конкретно во врска со промената на статусот.

Здравје: Солидно.


ЛАВ

Работа: Самодовербата ви е на ниво. Имате впечаток дека се можете да докажете со решавање на работните проблеми.

Љубов: Имате тајна симпатија кон која и натаму не сте подготвени да покажете чувства.

Здравје: Добро здравје.


ДЕВИЦА

Работа: Сте го преполниле роковникот со обрски и сега максимално сте посветени на работа.

Љубов: Односот со брачниот другар не е најдобар. Мислите дека на двајцата ви треба малку одмор.

Здравје: Внимавајте на дишните органи.


ВАГА

Работа: Добивате нова работна понуда и тоа од конкуренцијата. Ви годи тоа што некој ја цени вашата работа, но не сте сигурни дека треба да го смените тимот.

Љубов: Љубоморни сте и потребно ви е внимание од партнерот.

Здравје: Напнати сте.


ШКОРПИЈА

Работа: Упорниот труд конечно носи резултати. Задоволни сте, затоа што конечно сте надминале некој потешкотии.

Љубов: Имате потреба да се осамите и на тој начин да ги наполните батериите. Партнерот не е воодушевен од вашиот однос.

Здравје: Солидно.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Самоуверени сте, амбициозни и имате јасни цели. Со таков став ве чека работен успех.

Љубов: Не сте задоволни од емотивниот жвот. Имате потреба да сакате и да бидете сакани.

Здравје: Потребен ви е одмор.


ЈАРЕЦ

Работа: Одговорни сте и работата ја одработувате детално. Свесни сте дека вложениот труд кога тогаш ќе се врати.

Љубов: Пред вас е интересно познанство. Нормално дека не покажувате интерес и оставате впечаток на цврста личност.

Здравје: Не сте расположени.


ВОДОЛИЈА

Работа: Под голем стрес сте. Имате многу обврски, а со оглед дека сте одговорни, сакате да направите се по вашите стандарди.

Љубов: Партнерот има многу разбирање за вашата посветеност на работата.

Здравје: Заморот ќе ве совлада.


РИБИ

Работа: Пробувате да одработите што поголем број на обврски. Сила ви даваат плановите кои ги имате за викенд.

Љубов: Слободното време поминете го во друштво на саканата личност и на тој начин ревитализирајте се.

Здравје: Уморни сте.