Дневен хороскоп за понеделник (13.03.2023)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Овен 21.3.- 20.4.

Вие сте во одлично расположение и форма. Ниту оптимизмот не ви недостига, па благодарение на сето тоа постигнувате се.

ЉУБОВ Заедничките активности ќе ви го разубават денот.

РАБОТА Со својата енергија влијаете на колегите.

ЗДРАВЈЕ Јадете поздраво.

Бик 21.4.-21.5.

Бидете внимателни кога се во прашање тајните. Една навидум мала лага може да создаде голем проблем, дури и ако е нешто од далечното минато

ЉУБОВ Покажете ги вашите чувства, емоции, па дури и гнев доколку е потребно.

РАБОТА Проценката е многу важна денес. Не избрзувајте со одлуките.

ЗДРАВЈЕ Стабилно.

Близнаци 22.5.- 21.6.

Би можеле да решите некои големи сомнежи кои сте ги имале со предлог на блиска личност.

ЉУБОВ Не ги добивате одговорите што ги очекувате и станувате сомнителни.

РАБОТА Вредни сте, ве очекуваат важни зделки.

ЗДРАВЈЕ Претежно стабилна.

Рак 22.6. – 22.7.

Обидете се да си ја олесните моменталната ситуација со тоа што нема да ја покажете нервозата што ја чувствувате.

ЉУБОВ Држете се на растојание ако се чувствувате несигурно.

РАБОТА Лошото расположение на другите луѓе лошо влијае на вас и на вашата работа.

ЗДРАВЈЕ Проблеми со стомакот.

Лав 23.7.- 22.8.

Се чини дека околината бара или очекува постојано да се жртвувате и да се истакнувате. Денеска не ви е така.

ЉУБОВ Имате тенденција да го промените вашето расположение, но и да не бидете целосно искрени.

РАБОТА Информациите што ги добивате можеби не се сигурни. Пазете се од едно машко лице со кое имате контакт на работа.

ЗДРАВЈЕ Проблеми со синусите.

Девица 23.8. – 22,9.

Финансиската ситуација не е совршена, но можете да бидете мирни бидејќи навистина не пропуштате ништо важно.

ЉУБОВ Она што долго време го посакувате ќе ви се оствари.

РАБОТА Потребна ви е поддршка и ако си го признаете тоа ќе ви биде многу полесно.

ЗДРАВЈЕ Можна алергија.

Вага 23,9. – 22.10.

Многу е важно, особено за постарите Ваги, да не се прејадуваат во овој период бидејќи поради тоа би можеле да имаат здравствени проблеми.

ЉУБОВ Посветете му се на партнерот што е можно повеќе.

РАБОТА Не сте фокусирани.

ЗДРАВЈЕ Не замислувајте ги симптомите.

Шкорпија 23.10.- 22.11.

Не сте на место, нервозни сте… Ви недостасува темпото на кое сте навикнати. Дали навистина нема ништо во што би уживале?!

ЉУБОВ Имате впечаток дека партнерот ви наметнува некои работи и дека не е најискрен со вас.

РАБОТА Се ќе биде добро, само без нервоза и избрзани постапки.

ЗДРАВЈЕ Главно добро.

Стрелец 21.11.- 21.12.

Ви пречи физичката оддалеченост од некои блиски луѓе. Вие функционирате на поинаков начин од порано.

ЉУБОВ Можен контакт со многу интересна личност преку работа.

РАБОТА Вистинските резултати сè уште ве чекаат.

ЗДРАВЈЕ Се чувствувате растргнато и преуморно.

Јарец 22.12.- 19.1.

Очигледен е падот на вашата енергија, на кој не сте навикнати ниту вие, ниту околината. Главата горе драги Јарци.

ЉУБОВ Слободните луѓе имаат можност да стапат во контакт со личност со која одамна не се слушнале.

РАБОТА Она што би функционирало добро за вас е да покажете солидарност со вашите колеги.

ЗДРАВЈЕ Мали стомачни проблеми.

Водолија 20.1.- 19.2.

Доколку денес наидете на пречки, не паничете и претерувајте со нервозата. Сето тоа е минливо…

ЉУБОВ Можна авантура. Внимавајте ако сте во сериозна врска.

РАБОТА Состојбата се подобрува, особено кај оние на кои не им оди во претходниот период.

ЗДРАВЈЕ Проблеми со забите или непцата.

Риби 20.2.- 20.3.

Сè што се очекува и бара од вас, прво проверете внимателно. Денеска не донесувајте одлуки набрзина…

ЉУБОВ Новото познанство може да внесе свежина во вашиот живот, но не очекувајте премногу од тоа.

РАБОТА Можни се мали проблеми поврзани со документацијата.

ЗДРАВЈЕ Претежно стабилна.