Дневен хороскоп за сабота (16.12.2023)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Oвeн – Во првиот ден од викендот ве очекува обем на работа поголем од вообичаеното. Сепак, оставете нешто и слободно време да се одморите. На љубовното поле, потрудете се да избегнете долги разговори и непотребни расправии со саканата личност. Смирете ги страстите. Чувствително грло.

Биĸ – Бидете внимателни кога се финансиите во прашање. Не е препорачливо да ризикувате, особено во вложувањата. Ви треба совет. Давајте го максимумот кога се љубовните случувања во прашање. Може да очекувате пријатни изненадувања. Избегнувајте големи физички напори.

Близнaци – Иако за вас денеска нема нерешливи професионални пречки, сепак, внимавајте на некој вербален разговор од некое љубоморно лице од работното опкружување. Овој ден бара трпение во љубовта, ако не сакате некои фини ситуации да се претворат во љубовни грижи. Многу добро здравје.

Paĸ – Со добра организација имате шанси сето она кое сте го замислиле да го одработите на задоволувачки начин и за тоа да бидете пофалени. Не е поволен ден за некои големи љубовни планови и конкретни акции. Малку тактизирајте за подобри резултати. Здравјето е добро.

Лaв – Ситуацијата нема да налага да се опуштите, па дури и кога се најосновните работни обврски во прашање. Немојте физички да се оптоварувате. Вашето расположение и мотивација за љубовта, нема да бидат на ниво. Може да очекувате повик од старата симпатија или љубов. Зајакнете го имунитетот.

Дeвицa – Нема пречки на вашето работно поле. Фокусирајте се на сопствените цели и занимавајте се со долгорочно планирање. Преземете иницијатива и минете убави мигови со вашата мила личност. Можеби некаде и да отпатувате. Ќе ви годи физичка активност.

Baгa – Би требало да го искористите денот за проверка и завршување на некои заостанатите обврски за да можете да се посветите на одморот кој ви е потребен. Ако е можно, во љубовта не отворајте сериозни прашања. Повеќе фокусирајте се на убави работи и задоволство. Можни болки во коските.

Cĸopпиja – Многу добар договор би можеле да постигнете денеска и тоа на долги патеки. Одредени сомнежи ли незадоволство кое чувствувате на емотивниот план, треба да го преиспитате, да најдете причини. Многу добро здравје.

Cтpeлeц – Првиот ден од викндот би можел да мине со засилен ангажман, но причина за грижа нема. Нешто бавно, но стигнувате до целта. Стабилна ситуација на вашето љубовно поле, и би требало така да остане. Потрудете се да направите баланс меѓу обврските и одморот.

Japeц – Работна енергија не би требало да ви недостасува денеска. Нов љубовен предизвик е пред вас, и тоа ќе биде сосема добар вовед во некоја ноа емотивна приказна. Многу добро здравје.

Boдoлиja – Нема причина денеска да не ги завршите своите професионални задачи на време и онака како што сте замислиле. Пробајте да се опуштите и да уживате во заедничките моменти со вашата сакана личност. Имате целосна поддршка и разбирање. Здравјето е без предупредувања.

Pиби – Ќе бидете доста активни. Немојте да почнете многу работи одеднаш, нема потреба за брзање. Денот е поволен за дружба со стари, добри пријатели и тоа во домашна варијанта. Уживајте, но водите сметка околу исхраната.