И покрај тоа што веќе долг период ВРЕДИ најавува нов закон за правична застапеност, од вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, минатата недела рече декка се во финална фаза на подготовката на законот, но сепак се уште нема нитшо конкретно.
Од Европскиот фронт велат дека немаат информации до каде е со подготовката на законот и се сомневаат дека постои тенденција да се остава толку временска празнина.
Изгледа е во милост на ВМРО-ДПМНЕ оставена од ВРЕДИ овој закон, кој е многу суштински и многу значаен за сите етнички заедници во државата. Ова е еден несериозен пристап од страна на парламентарното мнозинство и Владата, но сметаме дека си поигруваат со чувствата на етничките заедници која е огромна придобивка од Рамковниот договор, изјави Блерим Беџети од Европски фронт.
Иако уште од октомври од коалицијата ВРЕДИ тврдеа дека наскоро ќе се донесе законот, пратеникот од овие редови, Ријад Шаќири, признава дека е одложено носењето на законот кој треба да нуди ново законско решение откако Уставен суд го укина Балансерот. Сепак, според него, подобро е да се пролонгира и на крај да се донесе добар закон, отколку подоцна повторно да се менува.
Законот е малку пролонгиран, но подобро е да се одложи и да се воведе сеопфатен закон отколку да се донесе закон кој ќе претрпува континуирани измени во одредени фази. (Лепи 03,17) Овој закон опфаќа правична и соодветна застапеност во сите државни институции. Имавме одредени институции во кои досега не беа вклучени Албанци, изјави Ријад Шаќири од ВРЕДИ.
Од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ велат дека се уште се разговара за ова законско решение.
-Она што можам да го изјавам е дека сме во фаза на разговори за тоа нивно предлог законско решение се утврдува и ќе биде потоа доставено на јавна дебата на јавен увид и нормално сите оние постапки кои што следат во еден законодавен процес, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Со сличен став е и одговорот од Владата.
Новото законско решение кое треба да се донесе откако Уставниот суд го укина Балансерот ќе го помине филтерот и на Венецијанската комисија, а за него треба да се отвори и јавна расправа.
