Вака изгледа Ургентното одделение во Специјална болница по гинекологија „Мајка Тереза“-Скопје. За ваквиот изглед на болницата помогнаа три приватни компании со сума од 8 милиони денари. Директорот на болницата, Башким Исмаили изрази благодарение за донациите и рече дека сега условите за породување се исти како во приватните клиники. Меѓу другото тој откри дека во последните две години имало пораст на бројот на раѓања во оваа болница. До крајот на годинава се очекува бројот на новороденчиња да достигне до 4 илјади.
Директорот Исмаили рече дека стравот од коронавирус веќе не е присутен меѓу пациентите, бидејќи, како што додава, сега повеќе доминира заштитата.
Пред три години во Болницата за гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир целосно беше реновиран и делот за анестезија и интензивна нега, две операциони сали со пари собрани преку донации од три компании кои донираа 6 милиони денари.
