Доаѓањето на Петков на 18 јануари надеж за решение, Мицкоски вели дека Ковачевски нема кредибилитет за преговарање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екс министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева која имаше забетонирани ставови кон Северна Македонија, сега бара позиции во врска со разговорите на двете земји од новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков. Таа на седницата за пратенички прашања во бугарскиот парламент го праша актуелниот премиер како да се одвиваат разговорите меѓу двете соседни земји.


-Имате ли намера да содејствувате со националната ситуација и да го замените тоа со нешто друго? Ако да, дали тоа е комбинирано со Министерството за надворешни работи и коалициските партнери?, праша министерката за надворешни работи Екатерина Захариева

Одговарајќи на прашањето на екс министерката, Петков рече дека ставот на Бугарија за преговарачкиот процес со Северна Македонија е сочуван онака како што бил договорен во договорот на коалицијата меѓу политичките партии. Ставот е ист, вели тој, но Владата во Софија го подобрува тоа со пет различни комисии за подобрување на о вие релации.

-Така што колеги би сакал да се заблагодарам. Во нашата коалиција има апсолутно јасна општа позиција, која е изгласана пред целиот бугарски народ. Имаме целосна координација со Министерството за оваа тема. Со самиот факт што на 18 јануари ќе имаме разговори докажуваме дека добрососедството е основен принцип за односите со Северна Македонија, рече премиерот на Бугарија Кирил Петков.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е неприфатливо новиот премиер на Македонија да преговара во име на народот. Отворено го покани бугарскиот премиер преговорите меѓу Македонија и Бугарија да ги продолжи со неговата партија како најголема во земјава.

Се очекува на 17 јануари во Собранието на Северна Македонија да се гласа новата влада и иден премиер ќе биде Димитар Ковачевски кој го доби мандатот од претседателот на држав ата. Еден ден потоа на 18 јануари ќе се сретне со новиот бугарски премиер Кирил Петков. Петков ова го потврди денеска на седница за пратенички прашања во бугарскиот парламент каде го истакна фактот дека ќе треба да патува преку Виена бидејќи нема директна воздушна линија од Бугарија до Македонија.