Добија ветување уште на првиот ден од штрајкот, покачување на платите од 3 илјади денари од 1 јуни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На првиот ден од штрајкот, Синдикатот на Македонски пошти доби ветување од Управниот одбор за покачување на платите. Од 1 јуни покачување од 3 илјади денари за вработените во технолошкиот процес а од 1 август за останатиот дел од администрацијата. Претседателот на синдикатот, Боро Велигденов рече дека е во интензивни преговори со раководството и дека штрајкот ќе биде прекинат по официјално потпишување на понудата.

Досегашниот директор на Пошта, Јани Макрадули рече дека постигнале компромис имајќи ја предвид состојбата на вработените како и економската состојба. Макрадули рече дека вработените ги почитуваат законските обврски и во услови на штрајк.

Синдикатот заедно со директорот Макрадули упатија апел до Владата и Собранието веднаш да постапат за усвојување на законските измени во законот за поштенски услуги кој ќе донесе нова систематизација и професионализам во поштенските услуги.