Додека коронавирусот продолжува да ги руши плановите на угостителите ширум светот, властите во Њујорк на почетокот на постудените денови им дозволија на рестораните и баровите да поставуваат куполи на терасите каде гостите можат да уживаат во храната и пијалоците.
Со цел да се преживее се додека ситуацијата не дозволи непречено дружење, улиците на метрополата се повеќе наликуваат на некаква позадина на филм од научна фантастика. Од прозирни балони до шатори и дрвени куќи, сопствениците на ресторани и кафулиња се обидуваат на секој начин да ги задржат гостите, а со тоа и бизнисот без оглед на снегот, дождот или ветерот.
Реакциите на гостите се разновидни, но многу од нив се согласуваат дека малите дневни простории за живеење се доволно удобни за да уживаат во дружењето далеку од становите каде што минале поголемиот дел од своето време во последните месеци.
Повеќето шатори сместуваат до шест лица и наводно се дезинфицираат откако гостите ќе завршат со јадење и пиење. Експертите се сомневаат колку ефикасно може воопшто да се исчисти таков простор, и постои опасност од пожар кај пластичните куполи.
„Само затоа што сте во посебен меур, не значи дека сте безбедни. Всушност, може да имате поголем ризик од инфекција ако сретнете некој што е заразен во таква област отколку на друго место “, вели др. Абрар Каран.
