Добро обрнете внимание на рокот на траење: Менувајте ги жилетите секоја недела, а маскарата на секои три месеци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Задолжително проверете го датумот на истекување на вашата козметика!

Ви останал крем за сончање што го купивте минатата година, а не знаете дали можете да го користите. Овој производ е само една од оние работи за кои не сме сигурни за нивниот рок на траење. Иако мислиме дека некои можеме да ги користиме додека не ги потрошиме, тоа всушност не е така.

  1. Избелувачи за алишта – Ја губат својата ефикасност три месеци по отворањето. Затоа, потрошете ги во тој рок.
  2. Крем за сончање – може да се користи три години. Ако на кремот нема рок на траење, едноставно запишете го денот кога сте ја купиле и ќе знаете колку долго може да трае.
  3. Суви зачини – Зачините треба да се заменат по шест месеци, најдоцна една година, бидејќи после тоа ја губат првобитната сила. Мелените траат најкратко, додека оние во парче, како стапчиња цимет, можат да траат уште малку.
  4. Маскара – Бактериите кои предизвикуваат инфекции на очите може да почнат да се развиваат во маскарата што ја користите повеќе од три месеци. Затоа купувајте нов на секои три месеци и не го споделувајте со никого.
  5. Детско седиште за автомобил – Материјалите од кои се направени по шест до десет години стануваат лесно кревки и небезбедни за детето.
  6. Сунѓер за капење – Тие се вистинска мамка за бактерии, па менувајте ги на неколку недели.
  7. Кармин – По две години ќе ја промени бојата и мирисот.
  8. Спреј за инсекти – ги губи својствата две години по производството.
  9. Жилети – Лесно собираат бактерии. Затоа менувајте ги секоја недела, односно по три до четири бричење и добро исушете ги по секоја употреба.
  10. Шлемови – Како и седиштата за автомобили, така и тие го губат квалитетот по неколку години и сосема е поинаку ако не дај Боже си ја удирате главата со нов шлем или 10 годишен.