Добро знаеме што означува кај нас зелениот крст, но дали знаете што значи истиот во САД?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тристан Кун е јутјубер од Остин, Тексас, кој обожава да патува низ целиот свет и да прави видеа за културните и другите разлики помеѓу неговите родна САД и местата кои што ги посетува.

Тој некое време поминал на Балканот каде ги посочил добро познатите, но и неочекуваните разлики меѓу Хрватска и САД, пишува Полн куфер.

Покрај тоа, тој направил и видео во кое посочува дури 100 шокантни разлики меѓу Хрватска и САД, но некои од нив важат и во останатите земји ширум Балканот, како што е и Македонија.

Ова се само некои од разликите кои Тристан Кун ги приметил во Хрватска:

  • Зелениот крст (кој обично свети) во земјите на Балканот означува Аптека, додека пак во САД претставува ознака за легална трговија на марихуана.
  • Во Америка, пекарите се реткост, додека пак кај нас ги има скоро во секој кварт. Истото важи и за пазарите.
  • Чевлите се собуваат при влез во нечиј дом, кај Американците не важи ова правило.
  • Одењето на кафе е социјален настан што може да трае два до три часа. Во САД, кафето се пие за околу 20 минути, а пијалокот обично се зема за надвор.
  • Пченка на вегетаријански пици – во САД тоа не е вообичаена практика.
  • Кај нас се чуваат корпи за отпадоци пред зградите, рестораните и продавниците. Американците ги кријат од љубопитните погледи и обично ги чуваат во затскриени улички кои не се видливи за минувачите.
  • На Американците им е дозволено да пијат и да купуваат алкохол само кога ќе наполнат 21 година, на Балканот имаме право да купуваме алкохол од 18-та година од животот, но не постои пропишана возраст од која може да се консумира алкохол.
  • На Балканот се пијат пијалоци/коктели за кои Американците никогаш не чуле – се работи за бамбус (комбинација на кока кола и црвено вино) или шприцер (бело вино и минерална вода).
  • Во кафулињата кај нас, пијалоците се служат обично со две коцки мраз. Во САД, чашите се полни со мраз до врвот.
  • Иако ние не сме „обврзани“ да му дадеме бакшиш на келнерот, односно тоа го правиме само доколку сакаме, во САД е друга приказна. Имено, самите кафулиња го пресметуваат бакшишот во сметката пред да му ја дадат на гостинот.

Во продолжение погледнете ги и останатите шокантни разлики: