Доброто не се заборава никогаш! – По 22 години семејство од Приштина се враќа во Гургуница, Тетово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По цели 22 години се вратија на истото место кое им беше засолниште во најтешките моменти.

Во селото Гургуница кое се наоѓа на 40км од Тетово, семејството Власа од Приштина дојде за да им изрази благодарност на жителите што ги отвориле вратите на нивните домови, кога тие биле принудени да го напуштат Косово поради српската репресија.

„Целото село беше мобилизирано да нѐ заштити, да не снабди и смести. Поради тоа сме тука, ја донесовме оваа плоча за да биде потсетник за идните генерации дека нивното село ги засолни прогонетите од војната во Косово во 98-99 година“, истакна Укшин Власа.

„Тука најдовме братско засолниште. Отсекогаш сум мислел дека еден ден ќе дојде моментот кога ќе му се заблагодариме на селото на братски начин бидејќи тоа беа неописливо тешките моменти, како што рече и брат ми. Идните генерации треба да знаат дека во тешките моменти брат за брат, со надеж да нема да се повтори никогаш повеќе. Сепак мора да знаеме дека имаме браќа и тие за мене секогаш ќе останат браќа“, вели Азиз Власа.

Арбен Власа, во тоа време имал само 15 години. Вели дека не може да ги заборави тие два месеца поминати во Гургуница. Се сеќава на секој дел од селото.

„Првиот момент кога дојдов, најдов село кое велев дека би требало да се нацрта. Малку е проблематично ова село, велев. Но, кога дојдов се чувствував доста слободно, со доза љубов од страна на жителите кон нас бегалците“, посочи Арбен Власа.

Оџата од селото, Јакуп Јакупи, вели дека било обврска да ги прифатат протераните од насилството без разлика на верата, бидејќи, како што истакна, сите се браќа.

„Иако сме посебно село, сепак не прави разлика, не го занемарува албанскиот народ кој ги засолни браќата Албанци од Косово, без разлика на верата. Сите се обединија и сите заедно ги поминавме тие моменти. Голем дел од овие луѓе се спасија и се вратија во нивните домови“, додаде Јакуп Јакупи.

Во ова мало планинско село, во текот на косовската војна биле засолнати над 350 бегалци.

Мештаните на Гургуница и бегалците кои тропнаа на нивна врата, и по 22 години сѐ уште го негуваат меѓусебното пријателство.