Ферати: Предизвикот во следните 25 години е – да им дадеме на младите причина да ја градат иднината овде!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за односи меѓу заедниците, Агoн Ферати, гостувајќи во емисијата „Риштaзи“ (Повторно) со Назим Рашиди, зборуваше за потребата младите да имаат повеќе простор, можности и активна улога во општеството.

Ферати истакна дека министерството што го води треба да биде поблиску до младите и да им создава конкретни можности за вклучување во проекти, иницијативи и активности во кои ќе можат да го покажат својот талент и идеи.

Според него, земјата има голем потенцијал кај младите, но многу од нив сè уште не го добиваат просторот што го заслужуваат.

„Младите треба да бидат слушнати“, нагласи Ферати, посочувајќи ја важноста од нивното вклучување и во политичките процеси и процесите на донесување одлуки.

За министерот за односи меѓу заедниците, создавањето можности за професионален и личен развој е важен чекор за младите да ја гледаат својата иднина во земјата, наместо да бараат перспектива надвор од неа.