Креаторот на содржината за Евровизија, Роб Холи сподели видео во кое може да се види како во моментот кога победничката на натпреварот Лорин од Шведска го добива пехарот, претставници на други земји трчаат кон Финецот Käärijä, го гушкаат и сите ја пеат неговата песна Ча Ча Ча во дует.
„Иако ова е исмевање на судиите, не е фер кон Лорин. Таа не го избра за победа“, „Ја сакам овогодинешната Евровизија поради сите овие пријателства што се создадени“, „Срцекршачка“, „Сите од судиите сакаа тој да победи“, само дел од коментарите под објавата.
За потсетување, Финска го загуби Изборот за песна на Евровизија од Шведска, и покрај тоа што пејачот доби неверојатни 376 поени од публиката.
Имено, Шведска доби 340 поени од жирито и 243 од публиката, која на крајот даде вкупно 583 поени.
THE OTHER ARTISTS HUGGING KÄÄRIJÄ AND CHANTING CHA CHA CHA WHILE LOREEN WENT ON STAGE TO GET THE TROPHY……. MY HEART 😭💚 https://t.co/FN1SJhECIa
— käärijä brainrot (mourning) (@ofendidaportodo) May 14, 2023
