На познатата охридска плажа Градиште, за време на вонредната состојба никна потпорен ѕид. Нема официјални информации кој го гради, ниту пак како било пристапено во авто-кампот кој во овој временски период е целосно затворен. Екологистите повторно алармираат дека и во вакви периоди се узурпира и се гради на брегот од Охридското езеро, но не само кај Градиште туку опочнувајќи од Радожда до Свети Наум. Градоначалникот на Охрид, на својот Фејсбук профил објави дека станува збор за дивоградба, а во месец април имало и налог за уривање.
„Овие градежни активности, се одвиваат во текот на февруари и март, односно цела зима и сега продолжуваат. За несреќа никој ништо не презема, тие иако имата дадено инспекторатот налог за рушење, тие продолжуваат да градат и да работат. Без одобрение. Се обративме до фрадежниот инспекторатот, до министерството за животна средина, и министерот Енмонд Адеми кој е застапник во УНЕСКО.“, рече Ѓорѓи Таневски.
