Започна отстранувањето на една од галиите во реката Вардар. За да го соопшти тоа дојде и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој рече дека овие галии се опасност за граѓаните,затоа ќе се отстранат.
Додека галијата “тоне“, капетанот стои на неа. Ова е менаџерот на бродот, Жарко Миленковски. Тој вели дека Град Скопје нема ниедно барање до нив и дека немаат никаков долг кон Град Скопје.
Галиите во Вардар се дел од проектот “Скопје 2014“. Во студијата за намалување на опасноста од тонење, подготвен од УНДП, заедно со Град Скопје и Центарот за Управување со кризи, се вели дека бродовите го намалиле нивото на течението на реката за една третина и дека во Вардар не треба да се градат метални конструкции, пречки и други објекти.
