„Договорот од Преспа е затворена тема, сега ги гледаме бенефитите од таа тешка одлука“, рече Зајкова

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Моника Зајкова, лидерот на ЛДП во „Дејли Клик“ на ТВ21 го коментираше Договорот од Преспа и неговото непочитување при заклетвата на претседателката Силјановска-Давкова, и најавата за евентуално репреговарање од страна на новата власт.

„Сметам дека Договорот од Преспа е прашање кое не треба повторно да се отвора, затоа што тоа прашање е затворено и тоа е веќе реалност, што го слушаме и од новата власт. Сега ги користиме бенефитите од таа тешка одлука која ја донесе тој парламентарен состав“, изјави Зајкова.