Дојче Веле: Физички напад врз претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доцна синоќа во Скопје физички бил нападнат претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Како што пренесува „Дојче Веле“, причина за нападот била постапка за одземање на лиценца на фирма која се занимава со снабдување со струја.

Порталот пренесува дека напаѓач бил Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери кој е сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“.

Портпаролот на РКЕ за „Дојче Веле“ го потврдил инцидентот, истакнувајќи дека Бислимовски се чувствува добро и е без посериозни повреди.