„Дојдоа и се пукаа меѓу себе, полно деца имаше долу, си играа“, велат жителите по пукањето во близина на Бит Пазар!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попладнево имало пукање со огнено оружје во близина на Бит Пазар, јавува репортерот на ТВ21.

Пукањето се случило во близина на полициската станица Бит Пазар.

На терен се присутни засилени полициски сили, како и Брза помош.

Според првичните информации од репортерот на терен, повредена е и една жена, случаен минувач.

„Двајца пукаа еден кон друг! Полно деца имаше долу, си играа“, изјавиле жители на маалото за ТВ21.

„Двајца меѓу себе пукаа“, рече друг жител.

„Од друго место дојдоа, и пукаа пред куќите“, додаде трет жител за ТВ21.