Доколку се прекине интернет врската, паѓаш од испит – студентите се жалаат за онлајн испитите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од дома со компјутер и лаптоп, вака ќе ги реализираат испитите студентите на Тетовскиот универзитет. Доколку се забележува движење, може да се бара од студентите да направат 360 степени снимка од просторијата каде се, а доколку се прекине интернет врската ќе апстинираат.

Овие се дел од мерките кои ги одреди Тетовскиот универзитет за реализирање на онлајн испитите и токму овие мерки предизвикаа незадоволство кај неколку студенти на егзактните науки.

Реагираа и студентите од Косово за кои најголем проблем е слабиот интернет сигнал.

Здружението на студенти по медицина во Македонија – Локалниот комитет на Тетово изрази незадоволство од спроведувањето на испити со физичко присуство, затоа што, како што велат, најновите статистички податоци за Ковид-19 се алармантни и одењето на студентите на факултет може да доведе до влошување на ситуацијата. Тие предлагаат одложување на испитните рокови.

Од ова здружение алармираат и за начинот на кој ќе се реализира јавниот превоз на студенти, затоа што како што велат повеќето од нив доаѓаат од места надвор од градот Тетово.

За сите овие поплаки, контактиравме со одговорните лица од Тетовскиот универзитет но тие беа недостапни за да дадат изјава.

Од друга страна, другите државни универзитети во земјава спроведуваат испити преку Интернет, но со исклучоци. Економскиот факултет испитите ќе ги спроведува со физичко присуство, додека Правниот факултет ќе ги одржи онлајн. За Медицинскиот факултет исклучоци ќе бидат направени за предмети за кои е потребна демонстрација во болницата и лабораторијата.

Министерството за образование и наука го одобри указот со кој се дозволува универзитетските испити да се одржуваат во физичко присуство на студентите, но не може да донесе одлука за сите, бидејќи тие се независни во донесувањето одлуки.