Д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека лицата кои се заразени со британскиот сој на коронавирус се повеќе денови инфективни.
„Има некои студии во кои се смета дека британскиот сој многу подолго време се дели во нас. Пример доколку луѓето биле инфективни неколку дена, 7-8 дена максимум со изворниот сој, сега со британскиот сој се многу повеќе денови инфективни дури 11-12-13 денови и повеќе. Тие луѓе имаат во многу подолг период, многу повисока концентрација на вирусот, а колку е таа повисока – толку е поверојатно да се пренесе на некој друг“, истакна д-р Кунгуловски.
