Во судир помеѓу автобус и камион, во индиската сојузна држава Асам, загинаа 24 луѓе, а 11 се повредени.
Според локалните власти, во сообраќајната несреќа загинал и возачот на автобусот.
Несреќата се случила на автопат во близина на Националниот парк Казиранга, познат по индиските носорози, во државата Асам.
Полицијата ја истражува причината за несреќата.
Индија има една од највисоките стапки на смртност во сообраќајни несреќи во светот, а како главните причини се наведуваат невнимателно возење, лошо одржувани патишта и застарени возила.
