Доктор од Чернихив: „Ќе останам во мојата болница до крај“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Би-Би-Си разговараа со Олег Ревко, лекар во северниот град Чернихив, кој беше под силен оган од руските војници.

Иако Русија негира дека целела цивили, овој украински лекар раскажува поинаква приказна.

Тој вели дека и неговата болница и другата во градот биле гранатирани.

„Болниците се напаѓани како и сè друго, не им е грижа“, вели Олег.

Тој ги поминал првите неколку дена од инвазијата криејќи се во подрумот на неговата куќа на периферијата на градот, на помалку од еден километар (0,62 милји) од аеродромот каде што се воделе жестоки борби.

„Куќата е веднаш на руската линија на огнот. Поминав четири дена криејќи се од гранатирањето со осум соседи. Користивме кофа како тоалет“, вели тој.

Тој успеал да излезе од подрумот за време на затишје во борбите и стигнал до својата болница во центарот на градот. Потоа нападите се влошиле.

„Тие ги носат повредените во нашата болница. Луѓе кои ги изгубиле рацете и нозете. Тоа не е убава глетка“, вели лекарот.

Тој вели дека одлучил да остане во болница онолку долго колку што може.

„Ќе бидам во болница до крај. Тоа е моја должност. Не знам колку долго ќе издржи градот. Но, јас ќе бидам тука со мојот народ“, додава лекарот.