Доктори од болницата во Козле се пожалиле за однесување на директорката – Таравари: Ќе испитам, па ќе преземеме мерки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На прашање на ТВ21, министерот за здравство Арбен Таравари, призна дека има поплави за директорката на болницата Козле.

Министерот на прес-кофнеренција рече дека нема информации за одлуки на етничка основа од страна на директорката Каролина Симоновска. Таравари нагласи дека вчера се сретнал со Симоновска, и дека и покрај загриженоста од вработените, ќе се испита случајот за евентуални мерки против директорката.

„Разговарав со директорката. Не знам колку се вистинити овие изјави дека врши притисок. Колку што знам сите Албанци кои работат таму немаат некој посебен проблем, барем до мене не е дојден. Ако директорката недолично се однесува, Министерството ќе преземе мерки. Во секој случај, следните денови ќе ја посетам болницата Козле, имаше и група лекари, не само Албанци, туку и Македонци кои изразија некоја загриженост за однесувањето на директорката. Не можеме да преземеме мерки се додека не испитаме“, рече Таравари.