Документи во Битола ќе можат да се подигнуваат и во следните две саботи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

СВР Битола ги извести граѓаните дека готовои документи ќе може да подигнуваат и оваа и следната сабота.

„Се известуваат граѓаните на подрачјето на Битола дека управните служби при СВР Битола ќе работат и на 06.07 (сабота) и на 13.07 (сабота) со работно време од 8 до 16 часот, за подигнување на готови лични документи (лични карти, патни исправи и возачки дозволи), а граѓаните истото можат да го направат секој работен ден од 8 до 19:30 часот. Воедно ги исвестуваме граѓаните кои се сликани за патна исправа до 03.06.2024 година, да ги подигнат готовите документи“, стои во соопштението на СВР Битола.