Стара и летна облека и многу други непотребни работи.
Овие се дел од донациите на скопјани. Поради овие причини не се што е донирано ќе биде испратено во Турција. Прво ќе се селектира облеката и потоа ќе биде испратена.
„На плоштадот во Скопје денеска се прави селекција на облека донирана од македонските граѓани за да се испрати во Турција, бидејќи како што велат организаторите, има и летна облека со која не може да им се помогне на настрадените од земјотресот“, вели репортерката на ТВ21.
Овој процес на селекција направи плоштадот „Македонија“ да изгледа хаотично, но организаторите уверуваат дека ќе се најде место и за непотребната облека.
„До денеска 100 илјади пакети сме испратиле во Турција и денеска има донации и вршиме селекција бидејќи има и облека која треба да се фрла. Некој донел овде облека само за да ја тргне од дома“.
-Каква облека донеле?
„За лето и за зима, тоа што е за зима сме испратиле, на облеката за лето што да и правиме?!“
-Кога ќе ги испратите?
„Денеска ќе имаме околу 200 пакети од селектираната облека, и денеска завршуваме“.
-Каде ќе ја испратите непотребната облека?
„Таму каде што има потреба во Македонија, ќе најдеме семејства кои можат да ги користат“.
Организаторите велат и дека ќе преземат мерки за чистење на целиот плоштад.
Скопјани од понеделник до сабота навечер имаа можност да ја донираат својата помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес на југоистокот на Турција.
