Македонски Телеком донираше 18.400 мобилни картички со по 10 гигабајти интернет. Истите ќе им бидат доделени на учениците кои дома немаат интернет мрежа, а кои сакаат да го следат наставниот процес, кој периодов се одржува во онлајн формат.
Интернетот ќе може да се користи само за платформата е-настава. Дистрибуцијата на картичките ќе се одвива преку МОН и центрите за социјална помош. По оваа одлука, останува неизвесно дали вакви картички ќе добијат и учениците од Бозовце, за кои пред неколку дена информираше ТВ21.
„6-то одделение сум. Не можам да ги напишам задачите бидејќи немаме ниту струја, а ниту интернет“, вели Ориета Хамиди, ученичка.
Со овие картички веќе нема да има деца кои нема да можат да го следат наставниот процес, ветува министерот за образование и наука, Арбр Адеми.
„Денеска се потпишува договор за донација од Телеком, со цел сите деца да имаат пристап до интернет. 18.400 социјални семејства ќе имаат пристап до интернет. Ова подразбира развој и пристап до образовниот процес, кој се организира во вакви вонредни околности“, вели Арбер Адеми.
Причината за оваа донација е да има непречен наставен процес и никој да не биде дискриминиран, објаснува директорот на „Македонски Телеком“, Никола Љушев.
Периодов наставата се одржува по принцип на „далечинко учење“, бидејќи сите училишта се затворени со цел заштита од коронавирусот.
