Дополнителните мерки донесени меѓудругото и поради празниците и убавото време кое е пред нас, рече Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Една од одлуките која влијаела да се продолжи полицискиот час, била и убавото време кое следува, но и празниците.

„Епидемијата го смени текот, и сосема очекувано, ова е фаза во која очекуваме бројот на пациенти да расте, и како што соопшти премиерот, Владата донесе мерки по утринскиот состанок.

Беше забележливо дека во една фаза дел од граѓаните не ги почитуваа мерките, а при предложувања имавме во предвид и празниците, убавото време пред нас, и затоа се предложија сите овие мерки во смисла на дополнителна рестрикција на движење, а само социјалната дистанца ќе стави крај на оваа епидемија“, рече Филипче.