Драма на аеродром во соседството: Малолетен патник одбил да се врзе со појас, па бил исфрлен од авионот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Авионот на Ер Србија, кој требаше да полета од Ниш за Монастир, Тунис утрово во 10:10 часот, полета со речиси три часа задоцнување бидејќи еден патник одбил да го врзе појасот, па капетанот иако авионот почнал да се движи по писта, одлучи да го врати леталото на почетната позиција, пишува денеска порталот Јужне вести

Според неофицијални информации, сопатникот е малолетник.

По „бордингот“ и дозволата за полетување, авионот почнал да таксира по пистата, но персоналот го забележал патникот без појас.

Патникот одбил да го врзе појасот, па капетанот решил да го врати авионот на почетната позиција и да го отстрани патникот од летот.

Полицијата го извела патникот од авионот, а против него ќе биде поднесена пријава за нарушување на безбедноста на воздушниот сообраќај.