Драма на небото: Авион итно пренасочен во Атина поради смрт на патник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Летот UA164 на United Airlines од Њуарк за Дубаи бил пренасочен кон Атина откако на еден од патниците ненадејно му се слошило и за жал починал набргу потоа.

Боингот 777-300ER, со регистрација N2140U , беше јужно од Крит кога екипажот донесе одлука да побара пренасочување и слетување на најблискиот соодветен аеродром. Авионот превезувал патници и членови на екипажот на редовен интерконтинентален лет од Њујорк (аеродром Њуарк) до Дубаи.

Авионот слетал во Атина во 14:30 часот по локално време, каде што надлежните служби за итни случаи презеле натамошни активности. Набрзо по слетувањето е потврдено дека патникот починал. 

Летот после два часа продолжил во Дубаи во 16:20 часот, и пристигнал на дестинацијата со задоцнување од 3,5 часа.