Авион на германската компанија „Луфтханза“, кој летал од Манчестер кон Минхен, принудно слетал во Лондон поради технички проблеми со моторот, соопшти портпаролката на таа компанија.
Летот ЛХ-2507 беше пренасочен кон Хитроу откако доживеа проблеми со моторот во близина на каналот Ла Манш.
Авионот слетал безбедно и ќе остане во Лондон на технички преглед. Сите 107 патници биле пренасочени кон други летови.
Луфтханза се извини за непријатностите на овие летови.
ФОТО: Архива
