Авион на „Ер Индија“, кој летал од Чикаго до Њу Делхи, бил принуден да се врати во овој град, откако повеќе од 12-те тоалети колку што имало во авионот не функционрале. Авионот во моментот на одлуката да се врати летал над Гренланд.
Авиокомпанијата извести дека тоалетите биле затнати, бидејќи предмети како кеси и облека биле фрлени во тоалетните шолји, што ги направило неупотребливи.
Осум од 12-те тоалети биле оштетени, а одлуката била донесена поради тоа што потенцијалните точки на преносачување во Европа биле под ноќни ограничувања.
Летот требало да трае 10 часа, по што одлуката на пилотот е да се врати, поради тоа што патници чекале долго редици, а стјујардесата се обидува да им објасни за случувањата. Авионот има капацитет од 342 патници.
„Свесни сме за некои објави на социјалните мрежи за неипсравните тоалети на авионот АИ126 којх летал од Чикаго до Делхи на 5. март 2025 година, а тоа предизвика пренасочување назад на местото на полетување, на меѓународниот аеродром во Чикаго“, стои во соопштението на Ер Индија.
Ер Индија тврди дека толетите станале нефункционални 45 минути после полетувањето. Единствено биле функционални толаетите во бизнис класата.
