Осуденик кој издржува казна во затворот во Арлe во јужниот дел на Франција, држи како заложници неколку членови на затворскиот персонал, јавија денеска француските медиуми, наведувајќи дека единиците за интервенција на полицијата се подготвени да интервенираат.
Затвореникот има оружје и држи во заложништво неколку членови на затворскиот персонал, најмалку тројца медицински работници и еден чувар.
Локалната полиција е распоредена на местото на настанот, а регионалните тимови за одговор се на пат и се подготвени да интервенираат.
🚨🇫🇷ALERTE – Une prise d'otage est en cours à la prison d'#Arles. Un détenu retient trois personnels médicaux et un surveillant pénitentiaire, sous la menace d'une arme blanche artisanale. (Images AR) pic.twitter.com/EmQNI10uqs
— Actu React Info (@actureact_info) January 3, 2025
