Драма во Хрватска: Се заканувал дека ќе се разнесе со бомба себе си и децата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во Хрватска успешно разреши кризна ситуација во Нова Мокошица во Дубровник кога четириесет и тригодишен маж се заканувал дека ќе се повреди себеси и неговите три малолетни деца.

Драмата се одвивала синоќа нешто пред 22 часот и 30 минути, кога полицајци со неколку возила излегле на терен и започнале преговори, а целата зграда била евакуирана, јавуваат локалните медиуми, пренесува Срна.

Според неофицијални информации, мажот бил во станот со малолетни деца и се заканил дека ќе употреби експлозивна направа.

По преговорите, кои траеле околу еден час, ситуацијата била успешно решена, а мажот бил хоспитализиран. Нивната мајка се грижела за децата.