Еден маж е уапсен во понеделник откако намерно го запалил влезот на зграда на адресата Федерал Плаза број 26 во Њујорк, каде што, меѓу другото, се наоѓа имиграциски суд, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател.
„Утрово, едно лице активираше запалива направа пред зграда на адресата Федерал Плаза број 26 во Њујорк. Тој моментално е во притвор, а досега се пријавени две полесни повреди“, напиша тој на платформата X.
Покрај судницата, во зградата се сместени и неколку федерални агенции, вклучувајќи ја и Службата за имиграција и царина (ICE).
На видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се видат полицајци како истрчуваат од зградата во облак од бел чад, а потоа совладуваат маж на тротоарот.
„Тероризмот и насилството немаат место во нашиот град и никогаш нема да бидат толерирани. Сторителот мора да биде гонет според највисокото ниво на закон“, рече лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, претставник од Њујорк.
WATCH: Man with history of anti-ICE activity sets fire outside immigration court in New York pic.twitter.com/5ecbHUfEPP
— BNO News (@BNONews) July 20, 2026
