Државјанин на Австралија пронајден починат во куќа во битолско

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 30.09.2024 во 09.55 часот во СВР Битола било пријавено дека во куќа во с.Поешево, битолско, бил пронајден починат С.К.(75) од Австралија.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.