ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за случајот со 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во штипската болница

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во врска со 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај.

Директорот на Клиничката болница Штип д-р Ален Георгијев, исто така побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентката.

По завршениот вонреден инспекциски надзор, јавноста ќе биде детално информирана.