Дуа Липа им платила по 5.000 евра на соседите во Палермо за да избегне протести против свадбата?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Светски познатата пејачка Дуа Липа наводно им исплатила по 5.000 фунти на жителите на Палермо, откако дел од локалното население протестирало поради затворањето на одредени делови од градот за време на нејзиниот луксузен свадбен викенд, оставајќи пораки и графити низ улиците.

Триесетгодишната уметница се очекува да стапи во брак со британскиот актер Калум Тарнер (36) на свечена церемонија која се одржува во рамки на тридневна прослава во Италија. Прославата започнала со коктел за добредојде во палатата Палацо Валгуарнера Ганги.

Жителите на Палермо не се воздржале од изразување на своето незадоволство. Според извештаите на британските медиуми, на повеќе локации во градот се појавиле графити и пораки насочени против организацијата на настанот.

Нов извештај тврди дека Дуа Липа исплатила по 5.000 фунти како компензација за жителите кои живеат во станови со поглед кон зоните каде биле обезбедени дополнителни паркинг-места за свадбата.

Британски весник објави дека забележал навредливи графити испишани на мермерен столб на плоштадот каде во петокот вечерта се одржала забавата за добредојде.

„Атмосферата не се вклопува баш во романтичната приказна што Дуа се обидува да ја создаде“, изјавил извор за британски медиум.

Друга порака, испишана во близина на плоштадот Пјаца Кроче деи Веспери, гласела: „Палермо не се издава под кирија“, иако подоцна била прекриена со боја.

Непосредно пред 17:30 часот, десетици граѓани собрани на плоштадот Пјаца Сант Ана за да го проследат пристигнувањето на гостите останале разочарани кога полицијата побарала од нив да ја напуштат областа.

„Сè изгледа малку претерано. Само сакавме да ја видиме Дуа Липа и да ѝ посакаме среќа, но полицијата ни рече да си заминеме“, изјавил незадоволен жител.

За потребите на прославата, плоштадот бил украсен со класични автомобили од марките Мерцедес, Алфа Ромео Џулиета и Фиат 128. На последниот автомобил била поставена чинија со тиквички, домати, цреши и грав, во традиционален сицилијански стил.

Дополнително, бил поставен и отворен коктел-бар, украсен со антички огледала, илустрации од традиционални сицилијански сцени и полици со книги.