Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска преку соопштение упати поддршка до своите сограѓани за организација на голем сенароден протест пред просториите на Град Скопје, со цел изразување на незадоволството од нефункционирањето на Јавниот Сообраќаен Превоз.
Тој ги повикува сите граѓани да се приклучат на овој протест.
„Се повикуваат сите засегнати граѓани, ученици, студенти, работници и пензионери да бидат дел од протестот кој во моментов ни е крајно решение за да ни се реши проблемот со кој две години живееме во Шуто Оризари и Градот Скопје!
Очекуваме преку протестот да пренесеме пораката до Градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица“, вели тој.