ДУИ бара разрешување на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, додека ВЛЕН остро го осуди глорифицирањето на Ратко Младиќ.
Од ДУИ обвинуваат дека директорот на оваа институција, која има задача да ги штити и унапредува правата на заедниците, ги фалел лицата осудени за злосторства против човештвото.
Од партијата велат дека ваквото однесување е неприфатливо и бараат директорот да биде разрешен од функцијата.
Во меѓувреме, од ВЛЕН остро го осудија секое глорифицирање на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки злосторства.
Од ВЛЕН нагласуваат дека не станува збор за прашање на лични убедувања, туку за стандардите што мора да ги почитува секој носител на јавна функција.
Според коалицијата, лице кое не ги почитува жртвите и вредностите на соживотот не може да биде гаранција за заштита и остварување на правата на заедниците.
