Демократската унија за интеграција со реакција до министерката за образование Весна Јаневска околу повлекувањето на Законот за средно образование.
„Министерке, можете да го толкувате повлекувањето на законот за средно образование како противење од страна на ДУИ бидејќи наводно не ја сакаме државата, но тоа е далеку од вистината – всушност, токму затоа што ја сакаме, го направивме тоа.
Ние се спротивставивме на овој закон за да ја заштитиме државата и мултиетничкиот карактер на нашата земја од поединци како вас, кои не веруваат во соживот и меѓусебна почит.
Вашиот слеп ентузијазам кој изгледа како „моќна бура“, но тој е непромислен и краткотраен, додека штетата што можете да ја предизвикате ќе биде долгорочна.
Вашиот пристап, кој исклучува и создава тензии, претставува закана за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност.
ДУИ се спротивстави на овој закон затоа што се грижиме.
Се грижиме за Албанците, за Македонците и за секој граѓанин на оваа земја, за да не станат жртва на вакви неодговорни пристапи и одлуки.
Нашата држава има потреба од визија и лидерство што обединува, а не што разделува“, велат од ДУИ.