ДУИ го обвинува Меџити за брутален непотизам, ВЛЕН реагира: Ги боли Меџити, ги однесе во опозиција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Демократската унија за интеграција го обвини Изет Меџити за брутален непотизам. Од партијата велат деоа на Меџити му „расте само неговото лично богатство и влијание“.

„Изет Меџити, политичарот кој стана милионер додека го осиромашуваше Чаир, денес се обидува да се претстави како промена, но граѓаните ја знаат вистината:

Неговата политичка структура функционира со истата логика како мафијашките кланови — семејна лојалност, лични интереси и контрола преку свои блиски луѓе.

Повеќе од 20 години, тој и неговата група го узурпираа претставувањето на Албанците во Скопје и ја уништија иднината на една цела генерација млади од Скопје.

Во меѓувреме, расте само неговото лично богатство и влијание.

Албанците немаат потреба од рециклирање на истата мисловна матрица која го воспостави вазалството и злоупотребата како модел на политичко дејствување.“, велат од ДУИ.

На овие обвинувања реагираа од ВЛЕН. Од таму велат дека ДУИ ги боли Меџити, затоа што токму тој ги симна од власт и ги испрати во опозиција.

„ДУИ повторно го започна стариот филм. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. ДУИ ја боли Изет Меџити, затоа што заедно со народот ги испрати во опозиција.

Нека запаметат добро: Изет Меџити не е производ на канцеларии и миленик на Али Ахмети. Тој има мандат од Албанците, како градоначалник и пратеник. Со гласови, со терен, со луѓе. Не како Бујар Османи, Блерим Беџети, Фатмир Бесими и кликата на ДУИ, кои политиката ја сфаќаат само како искачување до фотелји, тендери и личен комфор. Разликата е голема. Изет бил меѓу народот во маало, додека тие биле во извршни канцеларии и пазарења за власт.

Денес најголемите „фотељџии“ се во ДУИ, таму каде што мал круг луѓе околу Али Ахмети ја приватизирале партијата, го туркаат посветениот активист напред како топовско месо, само тие самите да се вратат на власт, во фотелји, во тендери и во удобност.

Бујар Османи повеќе од 3.700 дена министер, Блерим Беџети повеќе од 5.500 дена на функции и сè уште зборуваат за „заштита на Албанците“. ДУИ Албанецот го гледала само како број за гласање, а функциите како семејно наследство.

Оваа демагогија повеќе не поминува. Народот ги прочита. Тие сè уште сонуваат за времето на Груевски, Будимпешта им изгледа како адреса за спас, додека Мијалков го паметат како златен партнер во владеењето.

Две години ги лажат активистите дека „ќе се вратиме на власт“, а одговорот за оваа политичка измама го добија не подалеку од локалните избори, каде ВЛЕН ги порази освојувајќи 10 општини“, велат од ВЛЕН.