ДУИ и Алијанса на Села со осуда кон Сиљановска: „Скандалозно е руската агресија врз Украина да се нарекува воена операција“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Непримерен речник на претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова за агресијата врз Украина од страна на Русија. Вака од Демократската унија за интеграција го оценуваат обраќањето на претседателката Силјановска на годишниот прием со претставниците на дипломатскиот кор во кој таа агресијата во Украина ја нарече воена операција, термин кој го користи Русија. Од ДУИ ја повикаа Силјановска јасно да ги застапува ставовите на земјава.

Со слична реакција се јавија и од Алијанса за Албанците крилото на Села, кои сметаат дека Силјановска настапила со реториката на Путин агресијата на Украина да ја нарекува „воена операција“. Употребата на вакви изрази ја поткопува меѓународната позиција и евроинтегративните аспирации, а уште еднаш го потврдува прорускиот менталитет и ориентација на актуелната Влада, велат од Алијанса на Села.

Силјаноска во саботата во обраќањето на приемот на дипломатскиот кор говорејќи за руско-украинската војна употреби термин воена операција која Русија го користи за да го намали значењето на теророт и агресијата што ја вршат врз Украина.

Од почетокот на руската агресија врз Украина, руската Влада и проруските извори за цело време тврдат дека тие се борат против „нацистите во Украина“ и инвазијата ја нарекуваат „специјална воена операција“. Но наспроти ваквиот став, руската агресија од голем број држави во светот е оценета како воена агресија во кој се повредуваат човековите права.