ДУИ и СДСМ со европски фронтови, но посебни – Адеми и Ковачевски велат дека немаат одлука за предизборна коалиција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ДУИ и СДСМ најверојатно на избори ќе излезат одвоено, а не во рамките на т.н. Европски фронт. Двете партии не го кажуваат ова директно, а ниту пак, потврдуваат дека ќе се обединат во еден фронт. Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми, вели дека на ниту еден партиски состанок не е дискутирано за коалицирање со македонски партии, но признава дека Ахмети разговарал со албанските политички партии.

Во нашиот политички субјект, во нашата политичка организација не се разговарало за таква коалиција што ги надминува етничките граници. Точно е дека нашиот претседател, г-дин Ахмети има постојана комуникација со сите албански политички партии. Поканата е отворена, против руското влијание, канцерогеното влијание, рускиот малигнитет, можеме да се бориме само со мобилизирање и организирање во заеднички Европски фронт“, вели Арбр Адеми.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачески вели дека направиле калкулации на избори или да излезат сами, или да формираат друг Европски фронт.

Дека СДСМ и ДУИ нема да се обединат во Европски фронт стана јасно по кандидатурите за претседатели, бидејќи интегративците излегоа со нивен кандидат – Бујар Османи, а социјалдемократите, пак, се очекува да истрчаат со Стево Пендаровски. Како што се дознава неофицијално, сето ова се случило кога албанската опозиција најави дека ќе излезе со свој претседателски кандидат, расипувајќи ги плановите на владините партнери за заеднички консензуален кандидат, кој како што се шпекулираше требало да биде Пендаровски со поддршка и од ДУИ.