Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска преку соопштение најави дека јавното здравје е приоритет во моментов и дека за избори во моментов не се размислува.
-Апсолутен приоритет на секој од нас, особено ние што сме во јавна служба, е граѓанинот и јавното здравје. Изборите и кампањата се последни во агендата на нашите приоритети, затоа што сите наши човечки, интелектуални и институционални капацитети ги ставивме на располагање на победа во заедничката борба против вирусот. Со изборите и кампањата ќе се занимаваме кога ќе ја победиме оваа закана. Ве уверувам дека ќе победиме“, стои во соопштението на ДУИ.
