ДУИ сè уште без централно раководство – дали сите одлуки ги носи лидерот Али Ахмети?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанската партија на власт, ДУИ се уште нема централно раководство. Во моментов Интегративците официјално на чело на партијата го имаат само лидерот Али Ахмети. Прашањето е кој ги носи одлуките во партијата во период кога во земјава има нови важни случувања. Опозицијата бара предвремени избори, а од ДУИ велат дека избори ќе има во 2024. Актуелна е и темата за бугарското вето, а се дискутира и за многу други проекти. Но како може да има дебата внатре во ДУИ за овие теми кога оваа партија нема раководство? Шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби за ТВ21 вели дека ДУИ има избрано Генерален совет.

„ДУИ го избра Генералниот совет како највисок орган меѓу двата конгреса и членовите на раководството се избираат од составот на советот кој во целост е функционален“, истакна Артан Груби.

Но дали е демократски и дали може да има последици самата партија доколку одуките се носат на ваков начин?

„Сите сондажи говорат за плебисцитарна поддршка за г. Али Ахмети и таа поддршка е потврда за нашите правилни политики“, додава Артан Груби.

Според аналитичарот Арбен Раткоцери, речиси сите албански партии функционираат врз основа на лидерот и дека лидерот е и раководство и собрание, се.

„Сите албански партии функционираат врз основа на лидерот. Лидерот е раководство, лидерот е собрание, лидерот е претседател. Така е и со другите албански партии. Сакам да ги поврзам повеќе со прашања од културата повеќе отколку со други социјални прашања. Ќе почнам од ПС во Албанија е Еди Рама, ДП е Сали Бериша, и другите, Албин Курти и другите, Хашим Тачи и другите. Значи ДУИ функционира и функционирала вака до сега, иако формално се состануваат партиските органи во одредени моменти барем за да се зачува на некој начин комуникацијата или нивото на демократија“, вели Арбен Раткоцери.

Порано во партијата на Ахмети имаше и преписки и несогласувања. За тоа најгласен беше Изет Меџити, кој потоа заедно со Блерим Беџети и неколку други членови ја формираа Огнената група. Но во последно време и оваа група молчи. Пред локалните избори Меџити на митинг во Чаир рече, може да имаме разлики но повторно сме заедно.

„Некој  триеше раце поради нашите несогласувања . Ние знаеме да правиме и позиција и опозиција, знаеме да се бориме меѓу себе, знаеме да се бориме со концепти, но не дозволуваме со Чаир да се експериментира“, посочи Изет Меџити.

Во ДУИ се уште во тек се внатрешни избори во 12 ограноци.  На последниот конгрес Интегративците започнаа уште еден процес на гласање и избор на внатрепартиски органи со принципот еден член – еден глас.

Ејуп Рустеми, претседател на Централната изборна комисија на ДУИ за ТВ21 изјави дека регистрацијата  за членство ќе заврши  на 5 јуни и потоа ќе се изберат сите партиски тела за локални совети, за претседател и членови на ограноците.