ДУИ со честитка за Шекеринска: Одличен пример за професионализам и посветеност, уверени сме дека ќе ја претставува нашата земја достоинствено

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) упатува најискрени честитки до г-ѓа Радмила Шекеринска по повод нејзиното именување за Заменик генерален секретар на НАТО.

Ова е голем успех не само за г-ѓа Шекеринска, туку и за Република Северна Македонија, која преку ова именување ја потврдува својата посветеност на евроатлантските вредности и стандарди.

Како партија која отсекогаш го поддржувала евроатлантскиот пат на нашата држава, оваа значајна постигнување го гледаме како признание за заедничките напори на сите граѓани на Северна Македонија.

Г-ѓа Шекеринска е одличен пример за професионализам и посветеност, и уверени сме дека ќе ја претставува нашата земја достоинствено на оваа висока функција.