ДУИ со експерти прави анализи, Македонија поделена на региони како Белгија или Северска Ирска?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Извори на ТВ21 велат дека меѓународните експерти ангажирани од ДУИ за да изнајдат решение за „непочитување на волјата на гласачите“ анализираат два модели за уредување на државата. Моделот на Белгија и Северна Ирска.

Но какви се овие модели?

Територијата на Белгија е поделена на три региони, од кои два, фламанскиот и валонскиот регион, се поделени на провинции. Тие се поделени според јазиците. Третиот регион е Брисел-Капитал, кој не е ниту покраина ниту дел од провинција.

Северна Ирска е поинаква. Законот за Владата на Ирска донесен во 1920 година предвидува две делумни самоуправни единици во Ирска, јужниот и северниот дел. Северниот дел има 6 области. Тие веќе не се користат за целите на локалната управа. Наместо тоа, има единаесет окрузи во Северна Ирска, кои беа создадени во 2015 година, заменувајќи ги дваесет и шестте области што постоеја претходно.

Останува да видиме кој модел или дали ќе има поинаква комбинација што ќе ја предложат експертите на чело со Пол Вилијамс, ангажирани од ДУИ. Но, по објавувањето на оваа вест што ја објави ТВ21 почна и политичките реакции. Прв реагираше Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ, кој рече дека …

„Интересно е што ДУИ после 22 години за прв пат се сети денеска како би било едно соодветно териториално решение за Македонија. Не е една или две гоини, туку 22 години подоцна…ДУИ потфрла и во опозиција“, напиша Таравари.

Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Христијан Мицкоски, не ги зема сериозно чекорите на ДУИ и ќе се занимава со нив само доколку излезат и се извинат за тоа што го направиле досега.

Европскиот фронт продолжува да го нарекува новиот владин состав моноетничка влада и влада без етнички легитимитет. Лидерот ДУИ, Ахмети најави низа активности за почитување на Охридскиот договор и етничкиот легитимитет кој потекнува од духот на Охридскиот договор и затоа ангажираше меѓународен тим експерти предводен од Пол Вилијамс, автор на текстот на Охридскиот договор во 2001. Од Европскиот фронт оценуваат дека албанските граѓани во иднина нема да имаат волја и причина да излезат на избори доколку не се почитува нивната волја изразена преку гласање.