По повод 22 Ноември, Денот на азбуката на албанскиот јазик, Аналитичкиот истражувачки центар на ДУИ „Абдилаќим Адеми“ одржа трибина на тема „Албанскиот службен јазик – столб на Охридскиот договор“. Потпретседателот на Интегративците Бујар Османи рече дека Уставниот суд со последната одлука за етничката припадност го засега столбот на Охридскиот договор, кои според Османи се етничка припадност и идентитетот, бидејќи врз основа на етничката припадност заштитните механизми се создадени за заштита од мајоризација на мнозинството.
-Овој концепт сега е пред предизвика поради одлуката на Уставниот суд од 17 октомври бидејќи Уставниот суд вели дека етничката припадност е субјективна работа, граѓанинот може да ја менува секој ден и државата нема право да го идентификува на еден начин, правам слободно толкување, уште повеќе давам политичкиот пристап на оваа одлука затоа што државата не се осмелува да ги признава граѓаните по етничка припадност, изјави Бујар Османи, потпретседател на ДУИ.
На оваа тематска дебата говореа и политичкиот лидер на „Движењето за Нова Република“, како и поранешната заменичка и политички аналитичар Никица Корубин, која рече дека македонските политички партии потешко ја прифаќаат употребата на албанскиот јазик отколку промената на името на државата.
Коментирајќи го 22 ноември, кој е дел од празничниот календар на етничките заедници во Македонија, Османи истакна дека тој е неработен ден за Албанците во Република Македонија и дека според Уставот денеска секој може да каже дека е Албанец и за него денеска е неработен ден.